-->
-->
ЛШ - 1/4финале: Баерн - Реал, Јуве - Барселона
-->

Европскиот шампион Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе гостува кај германскиот шампион Баерн. Ова е најатрактивната двојка од денешното извлекување на двојките на осумте најдобри екипи оваа сезона во ова натпреварување.
Вториот германски тим Борусија Дортмунд за влез во полуфиналето ќе игра против францускиот тим Монако.
Италијанскиот шампион Јувентус за ривал ја доби екипата на Барселона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против англискиот првак Лестер.
Првите натпревари се закажани за 11 и 12.април, а реваншите се закажани за 18 и 19.април.
Извлекувањето на двојките за полуфиналето ќе се одржи на 21.април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
