Лозарите бараат да не се дозволи ликвидација или продажба на поранешната винарија со германски капитал
Лозарите бараат да не се дозволи класична ликвидација или продажба на поранешната винарија со германски капитал која сега е во стечај, а од која тие побаруваат околу 680 илјади евра основен долг, за неплатено грозје од 2015 година. Ова е ставот кој беше заземен синоќа, на средбата на претставници на лозарите со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и пратеникот Панчо Минов.
– Ако се оди со план за реорганизација, ние како општина и тиквешки регион имаме интерес од градење на дестилерија, можеме тие 680 илјади евра да ги претвориме во акции во винаријата. Да им се исплатат на лозарите, од општина или фонд, а понатаму може да размислуваме за доинвестиција за правење на дестилерија. Но, прво да ги видиме сите реални долгови на винаријата. Општината ни е во добра кондиција, а и Владата може да помогне, ние мораме да инсистираме да се направи дестилерија во Кавадарци, со што ќе го решаваме проблемот од евентуалниот вишок грозје во наредниот период, нагласи Минов.
Може да се направи, рече, јавно приватно партнерство, да се искалкулира убаво, да се видат и правните можности, сите опции, за да не дојде од една каша да се влезе во друга. Присутните го поддржаа неговото размислување.
Лозари коментираа дека не е во ред што при неплатено грозје, винаријата го дала под залог па и го продала виното произведено од тоа грозје.
Пратеникот Панчо Минов информираше за заложбата, во Законот за вино да влезе одредбата, да не може вино да оди во залог и хипотека на банка, а грозјето да не им е платено на лозарите. А токму во овој случај имало таков пример, виното од околу милион и триста илјади литри се дало под хипотека па дури и се продало, а спорна била и цената по која тоа било направено.
– Наш интерес е да се оди со план за реорганизација во веќе постоечката стечајна постапка. Се со цел лозарите да си ги наплатат своите побарувања, рече Минов.
На средбата беше кажано дека два три дена пред стечајот биле продадени вино и опрема. Имало многу проблеми во стечајот. Неусогласеност на финансиски документи, неевидентирани трансакции како на пример продавано вино во Германија без да биде евидентирано во сметководствената евиденција, или одење на друга сметка. Тоа е, рекоа, работа на надлежните органи. Многу лавиринти во целиот случај, а еден од проблемите на кои ќе се наидело бил тој што дел од опремата била неделива, па требало да се земе и тоа во предвид.
За утре, како што беше соопштено, со посредство на министерот за земјоделство, била закажана средба на која треба да присуствуваат сите заинтересирани субјекти околу стечајната маса на винарницата во стечај. Меѓу нив и претседателот на Здружението „Напредни лозари”, како и Јанчев и Минов.
Присутните се согласија дека сето ова нема да биде ниту лесно ниту брзо, затоа што целата работа е многу сложена и ризична, во однос на тоа како ќе успее да се реши, бидејќи, меѓу другото, е и задоцнета.с
Ново на Сител
-
Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети
-
Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига
-
Слот израмни рекорд во Премиер лигата
-
Скопје 10-ти најзагаден град во светот и втор во Европа
-
Министерот Муцунски ќе учествува на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
-
Дел Пјеро може да се кандидира за претседател на Италијанската фудбалска федерација
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига