-->
-->
Лозарите бараат 15 денари за „вранец” и 13 за „смедеревка”
-->
- Лозарите бараат 15 денари за килограм „вранец” и 13 за „смедеревка”, ова, велат тие, се реалните производствени цени за најзастапените вински сорти кои тие ги пресметале за годинешнава гроздоберска реколта.
Претседател на здружението „Напредни лозари” Трајче Кулев, за МИА информираше дека тие бараат откупувачите на грозје да покажат и банкарски гаранции за да докажат дека се сериозен партнер за откуп на родот, а плаќањето да го извршат во најкус можен рок.
- Имавме неколку средби со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа тема, кои пак, околу откупот на грозје имаат разговарано и со винарите, кои сеуште тактизираат. Очекуваме заедничка средба со претставници на винарските визби со медијаторство на Министерството, за да преговараме околу годинешните цени на винско грозје, рече Кулев.
Тој изрази надеж дека преговорите ќе бидат успешни и дека конечно, по долги години, ќе се случи толку многу очекуваното зголемување на цените за килограм винско грозје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата
-
Се води предистражна постапка за злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи
-
Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во чест на Фросина Кулакова
-
Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани
-
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар
-
Министерот Муцунски во работна посета на Австралија
-
Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8
-
Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово