Лозановска: Народот јасно ви кажа дека не го прифаќа францускиот предлог

Олга Лозановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа посочи дека со Договорот кој го потпиша Заев за добрососедство ја отвори Пандорината кутија и стави почеток на остварувањето на империјалистичкиот сон на Бугарија. Таа исто така посочи дека Бугарија не признава дека постои македонски народ и македонски јазик, а со тоа целосно ја негира и македонската историја.
-Следејќи го политичкиот циркуз и потезите на оваа предавничка и корумпирана власт последните неколку години, слушајќи ги шарените лаги на европските комесари колку пати што се занималавале со македонското прашање, толку пати Македонија и македонскиот народ биле понижени и обесправени и дојдов до следниот заклучок и прашање. Дали македонскиот јазик, историја и идентитет се заштитени? Тука е најголемата замка, Европа вели да, ние ве сакаме, но реалноста е сосема различна бидејќи нобеловецот Заев потпиша договор за пријателство со кој ја отвори Пандорината кутија и стави почеток на остварувањето на империјалистичкиот сон на Бугарија во кој нивната територија која се протега од Охрид до Црно море. Да нема заблуди Бугарија не признава дека постои македонски народ и македонски јазик, а со тоа целосно ја негира и македонската историја и за ова мое тврдење постојат илјадници искази на претседатели, премиери и министри, рече Лозановска.
Таа во текот на своето обраќање во врска со францускиот предлог потенцираше дека народот кажа гласно дека не го прифаќа овој предлог.
-Ова значи дека билатералниот договор кој е дел од преговарачката рамка, нешто кое се случува за прв пат во историјата на ЕУ, билатерален договор да е услов за влез во унијата, никогаш нема да биде усвоен и реализиран освен ако ние самите не извршиме етноцид и еден ден станеме Бугари кои зборуваат дијалект на Бугарски јазик, дека сите вклучени билатерални договори на оваа ненародна и корумпирана елита на власт се на штета на македонецот. Не можам да разберам како разобличувањето на државата и народот во неа го доживувате како успех, врз коските на загинатите Македонци во Нивици потпишавте Договор со кој се откажавте од македонското малцинство, станавме малцинство/ и сите институции наместо македонски ги претворивте во национални и не застанавте тука, туку побрзавте да се откажете од малцинството во Бугарија, се откажавте од јазикот. Ве прашувам уште еднаш тоа е успехот со кој се гордеете? Овој француски предлог за кој народот гласно ви кажува дека не го прифаќа е најголема замка во поновата историја на Македонија и неговото прифаќање предизвика целосно негирање на се македонско. Прифаќањето ќе стане велепредавство за кое некој еден ден ќе треба да одговара, додаде.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
