Ловџија од Берово мислеќи дека пука во дивеч повредил соселанец
Ловџија од беровското село Будинарци вчера околу 12 часот во атарот на селото, кај месноста викана „Лесови ливади“, повредил соселанец, мислеќи дека пука во дивеч.
Како што информира МВР, додека И.П. (1981) од село Будинарци, бил на лов, во еден момент на оддалеченост од околу 60 метри забележал раздвижување на гранките на смрека, при што се посомневал дека се работи за дивеч, испукал еден истрел во воздух, а потоа вториот истрел го насочил кон смреката.
Веднаш по истрелот, И.П. слушнал вресок, при што кај смреката го затекнал С.К. (1954) од село Будинарци, кој во моментот собирал плодови. С.К. се здобил со повреди од сачмите во пределот на двете нозе.
Повредениот бил пренесен во Здравствен дом -Берово, од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Клинички центар Штип и е надвор од животна опасност.
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови