Ловџија од Берово мислеќи дека пука во дивеч повредил соселанец
Ловџија од беровското село Будинарци вчера околу 12 часот во атарот на селото, кај месноста викана „Лесови ливади“, повредил соселанец, мислеќи дека пука во дивеч.
Како што информира МВР, додека И.П. (1981) од село Будинарци, бил на лов, во еден момент на оддалеченост од околу 60 метри забележал раздвижување на гранките на смрека, при што се посомневал дека се работи за дивеч, испукал еден истрел во воздух, а потоа вториот истрел го насочил кон смреката.
Веднаш по истрелот, И.П. слушнал вресок, при што кај смреката го затекнал С.К. (1954) од село Будинарци, кој во моментот собирал плодови. С.К. се здобил со повреди од сачмите во пределот на двете нозе.
Повредениот бил пренесен во Здравствен дом -Берово, од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Клинички центар Штип и е надвор од животна опасност.
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот