Лошите временски услови го спречија Заев да замине за Драч
Поради лошите временски услови, владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев изутрината не отпатува за Драч, каде што требаше да учествува на неформалната средба на премиерите од земјите на Западен Балкан, соопшти владината прес-служба.
На состанокот во Драч чиј домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, треба да се расправа за регионалната економска интеграција.
На состанокот се поканети еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како, косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти. Своето учество се уште го нема потврдено премиерката на Србија Ана Брнабиќ, а бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа посетата на Драч поради сообраќајната несреќа кај Своге во која загинаа 16 лица, а давесеттина се повредени.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути