-->
-->
Лоши вести: Поскапување на дизелот и бензините
-->

Нафтата поскапе денеска, како влијание на силна побарувачката и несигурност во Сирија. Вредноста на лондонската сорта Брент поскапе до 55.28 долари за барел во раната азиска сесија, а американската лесна сурова нафта достигна 52.34 долари за барел.
Мислењето на аналитичарите е дека цените биле поддржани од силната побарувачката, а исто така и одржувањето на политичката несигурност која се појави по ракетните удари нанесени од САД во Сирија на крајот на минатата недела.
Платформите за добивка во САД продолжуваат да го зголемуваат производството, а овој тренд се задржува 12та последователна недела.
Прогнозата на американската банка Goldman Sachs е дека производството на нафта во земјата ќе продолжи да расте и во 2017 година ќе порасне за 215 илјади барели дневно.
Цената на нафтата со покачување поради ситуацијата во Сирија
За македонски услови тоа се лоши вести. Цената на лондонската нафта која се увезува во Македонија во моментов е поскапа за над 5 долари по барел. До следната корекција на регулаторот има една недела, или поточно 8 дена со оглед на тоа што поради велигденските празници новите цени ќе бидат објавени во вторник а ќе важат од среда на полноќ. За очекување е да има поголемо поскапување на дизелот а за неколку денари нагоре ќе оди и цената на бензините.
Минатиот понеделник дизелот поевтини за 1,5 денари а цената на бензините остана непроменета.
Во моментов литар ЕУРОДИЗЕЛ се точи за 50,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 95 за 65 а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 67 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
