-->
-->
Лопетеги стравува од Несторовски, на Шпанците и смета тревникот
-->

Шпанските новинари присутни на денешната прес-конференција на македонската фудбалска репрезентација на која присуствуваа селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, открија дека нивниот селектор Хулен Лопетеги го потенцира Илија Несторовски како најголема опасност по голот на „црвената фурија“.
- Не можам да му помогнам на Лопетеги ако е загрижен од нашиот тим и од Несторовски. Наша работа е да ја подготвиме добро средбата и да си ја завршиме добро работата. Имавме добра можност да ги анализираме Шпанците под Лопетеги, имаат само три нерешени натпревари и нивната игра е за почит“, изјави македонскиот селектор Ангеловски.
- Несторовски за нас е многу важен играч, селекторот Лопетеги е во право што смета дека токму Илија ќе прави проблеми на одбраната, и се надевам дека ќе постигне гол, дополни капитенот Пандев.
На Шпанците кои вечерва ќе го одржат и единствениот тренинг пред утрешниот меч им пречи и подготвеноста на тревникот на арената „Филип Втори“.
На такво поставеното прашање од страна на шпанските новинари Ангеловски и Пандев со идентичен став, - Тревникот е одличен и не треба противникот да се грижи за тоа, теренот е ист за двете селекции. И ние и вие ќе играте во Скопје, а не во Мадрид, така да условите за игра ќе бидат исти за двете репрезентации, изјавија македонскиот селектор и капитенот.
Мечот, Македонија – Шпанија се игра утревечер од 20:45 часот на арената „филип Втори“ во Скопје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
