Лонгони најуспешни на екипното првенство во билијард
На екипното првенство на Македонија во билијард одржано викендот во Скопје, настапија 21 тим, при што во секој од нив според пропозициите имаше по тројца регистрирани играчи. Победници се Лонгони од Битола, кои во финалето го совладаа Гран клуб од Скопје. Третите места им припаднаа на поразените екипи во полуфиналните дуели Голден бол од Тетово и Пауер бол од Струмица.
Со ова, шампионот во поединечна конкуренција, Христо Василевски, кој е член на Лонгони успеа да ги обедини титулите и со „двојна круна“ да ја заврши сезоната.
Младинецот Андреј Ѓурчиновски кој има само 13 години беше негов најголем ривал поединечно и на крајот од сезоната обајцата имаа ист број поени, поради што за прв пат во историјата на државните првенства се играше „мајсторка“ која одлучуваше за титулата.
Илија Димоски од Битола за прв пат стана младински првак во билијард.
На крајот од сезоната беа прогласени и најдобрите од Б-дизвизијата, при што четирите првопласирани предводени од Златко Ицановски идната сезона ќе се натпреваруваат во А-дивизијата.
Ново на Сител
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар