Лондонски „Телеграф“ го „умре“ принцот Филип
Електорнското издание на британскиот весник „Телеграф“ по грешка објави дека сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип, починал.
„ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО, прницот Филип, војводата од Едингург, почина во хх-тата година“, стои во насловот на „Телеграф“.
Во нецелосниот текст на веста се наведува дека информацијата ја соопштила Бекингемската палата.
- Принцот Филчип, кого кралицата го опиша како нејзина сила и поддршка во текот на нејзиното рекордно владеење, почина хххххххх... Принцот ќе биде погребан во согласност со неговите желби, а кралската церемонија ќе се одржи за седум дена, стои во веста.
Веста набрзо беше сменета од онлајн иданието, но сепак тоа беше доволно таа да се прошири на интернет.
„Телеграф“ не даде официјално соопштение, но очигледно е дека станува збор за претходно подготвен текст во случај на смрт на принцот. Инаку, грешката настанала веројатно затоа што овонеделното повлекување на принцот Филип од јавниот живот, е заменето со негово „збогување со животот“.
Инаку, ова не е прв случај медиумите да го прогласат принцот Филип за мртов. Пред неколку месеци и магазинот „Сан“ објави наслов „Принцот Филип почина во 95-та година од животот“.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала