Лондон спровел „голем“ кибер напад врз ИД

Велика Британија спроведе „голема кампања на кибер напади“ врз џихадистичката група Исламска држава (ИД), соопшти директорот на британската Владина централа за комуникации, Џереми Флеминг.
- Резултатот од операцијата е со широк обем и тој ги намали можностите на групата да ги координира своите напади и да шири пропаганда, изјави синоќа Флеминг во обраќање на конференција за кибер безбедност во Манчестер.
Флеминг, кој е поранешен агент на Ми-5, нагласи дека акцијата е премногу сложена, за да биде јавно презентира, но таа, според него, покажала колку може да биде ефикасен една целен кибер напад.
Тој во обраќањето ја критикуваше и Русија, која ја обвини за „недозволиво кибер однесување“, оквалификувајќи ја како „растечка закана“ за Велика Британија и нејзините сојузници.
- Русите не играат според правилата бидејќи ја бришат границата меѓу криминалните и државните акции, потенцира Флеминг.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
