Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март
Британската Влада на 29 март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што практично ќе почне процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, соопшти денеска Даунинг стрит 10.
- Постојаниот британски претставник во Брисел утрово ја информира ЕУ дека на 29 март Велика Британија ќе го активира членот 50, изјави претставник на Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј.
Стартувањето на процесот за Брезит беше можно откако на 16 март кралицата Елизабета Втора формално го одобри Законот за процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, што преходно беше усвоен од двата дом на британскиот Парламент.
Претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Берков, по одобрувањето на Законот од страна на кралицата, потврди дека Меј може да ги почне преговорите за Брегзит во „кое било време“.
Во исто време, портпаролот на Даунинг Стрит 10 денеска соопшти и дека засега Владата не планира распишување предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана