Свет
2. January 2017 - 8:58

Лондон предупредува за можни нови терористички напади во Турција

Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги предупреди жителите на државата кои планираат во Турција за можност од нови терористички напади во државата.  

– Постои зголемена закана од терористички напади во авијациски објекти во Турција, се вели во соопштение.

Министерството наведува дека и покрај успешните напори на турските органи за безбедност, „можни се нови терористички напади насочени кон западни интереси и туристи од западни држави особено во големите градови“.