Лондон на Украина ќе и испорача ракети способни да соборуваат крстосувачки ракети

Велика Британија ќе и испрати на Украина уште противвоздушни ракети и муниција што може да пресретнува и неутрелизира крстосувачки ракети, соопшти денеска Министерството за одбрана. Британското Министерство за одбрана соопшти дека наредните седмици на Киев ќе му бидат испорачани противвоздушни системи „АМРААМ“, што можат да се користат со противвоздушните системи „НАСАМС“ ветени од САД.
Како што е наведено, пратката ќе содржи и проектили што можат да соборат крстосувачки ракети. „Тие проектили ќе помогнат да се заштити критичната национална инфраструктура на Украина“, се вели во соопштението. Лондон најави и испорака ново количество опрема за противвоздушна одбрана, беспилотни летала и хаубици.
„Тоа оружје и орудие ќе и помогне на Украина да го одбрани своето небо од напади и да ја зајакне својата одбрана, во комбинација со американските системи ’НАСАМС’“, рече британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Најавите за испораки дополнително оружје за Украина доаѓа пред состанокот на министрите за одбрана на земјите од НАТО што денеска треба да се одржи во Брисел. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара формирање противвоздушен штит над Украина.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека приоритет е испораката на системи способни да ги неутрализираат руските ракети над украинското небо.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
