Локвенец: МВР има потреба за реформа на безбедносниот систем

Хари Локвенец, пратеник и претседател на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи направило промоција на проект за сеопфатна реформа на системот за национална безбедност.
Според него, тоа е признание од МВР дека навистина има потреба за реформа на безбедносниот систем.
За СДСМ, нагласи Локвенец, е целосно неприфатлив предлогот носител на процесот да биде сегашниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.
- СДСМ смета дека е нужна реформа на срушениот безбедносен систем, но во сосема други околности и со други личности, изјави Хари Локвенец, пратеник и претседател на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР).
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
