Локални врнежи од дожд со услови за невреме

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спуштат до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.
-Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 литри на квадратен метар). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
