Локални економско-социјални совети во Струга и Кичево
Во општина Струга и Кичево ќе бидат формирани локални економско-социјални совети. Спогодбите за нивното основање ќе бидат потпишани денеска.
Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС) имаат консултативно-советодавна функција, разгледуваат прашања и даваат мислења, предлози и препораки до градоначалникот и Советот на општината за одредени прашања од економско-социјалната сфера.
Потписници на спогодбата за основање ЛЕСС во Струга ќе бидат градоначалникот Зијадин Села, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митрески, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски.
Спогодбата за основање ЛЕСС во Кичево ќе потпишат кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митрески, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Благоја Ралповски.
Во советите ќе партиципираат претставници од Центрите за вработување на општините, средните училишта, како и од невладините организации и здруженија на граѓани.
Основањето на локалните Економско-социјални совети во Струга и Кичево е во рамки на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија (ЕУ), а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).
Крајната цел на проектот е подобрување на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок.
Во рамки на првата компонента, проектот го поддржува основањето на шест локални економско-социјални совети преку иницирање и поддршка на преговори меѓу општините, синдикатите и работодавачите, потпишување спогодба за основање на ЛЕСС и опремување на секретаријатите на ЛЕСС.
Досега се основани три локални економско-социјални совети и тоа во Ресен, Велес и Свети Николе.
Ново на Сител
-

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак
-

Грчките земјоделци во четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција
-

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела
-

Уапсени двајца кавадарчани бидејќи украле клупа која припаѓа на општината
-

При ископ на земјиште во гостиварско пронајден цел арсенал оружје и муниција
-

Уапсена 36-годишна жена од Демир Капија, си го истепала сопругот
-

Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила
-

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, ќе има законски измени
