Локализиран пожарот во Делчевско
Локализиран е пожарот кој избувна вчера попладне на месноста Бајас Тепе во областа Средна под планината Голак.
Драган Балас од Центарот за управување со кризи од Делчево информира дека во гаснењето на пожарот се вклучени околу 70 луѓе.
- Според последните информации од теренот во голем дел пожарот е локализиран. РЦУК останува на терен и ние сме во координација со сите сили и надлежни органи. Во гаснењето на пожарот активно се вклучени екипи ид ЈП „Македонски шуми“ од Делчево и Пехчево, противпожарни екипи од Делчево и Македонска Каменица, а во соработка со општина Делчево се ангажирани екипи од ЈПКД „Брегалница“ и од училиштата во Делчево, рече Балас.
Тој нагласи дека горат околу 70 хектари борова и нискостеблеста шума. Се смета дека пожарот е подметнат бидејќи почнал на неколку места.
- Пожарот е подметнат, но изненадува фактот што локалното население не сака да се вклучи во неговото гаснење, рече Балас.
Делчевските пожарникари вчера интервенирале во гаснењето на уште два пожари. Во атарот на селото Вирче во месноста Могила, каде била зафатена дабова шума на околу 60 декари и во пожарот кој избувнал покрај објектот Стар монопол во Делчево, каде сопствениците запалиле оган со цел да го исчистат ендекот по што тој се проширил и изгореле околу 1 кубик греди.
Ново на Сител
-
ФБИ пронајде нови документи за атентатот на Кенеди по наредбата на Трамп за нивно објавување
-
Усмртен пешак на магистралниот пат Гостивар-Кичево
-
Најстудено во Берово -10 степени, во Скопје -5 степени
-
Пронајдена голема количина дрога на „Богородица“ во камион со отпадна хартија | ФОТО
-
Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април
-
Измените на Кривичниот законик од 2023 година на седница на Уставен суд
-
Во Хрватска повик за еднодневен бојкот за купување во пекарите и пекарски производи поради високите цени
-
Еден загинат и тројца ранети во руски напад врз Киев