Локализиран пожарот на депонијата Русино
Огнот што се појави утрово на регионалната депонија Русино, близу Гостивар, е ставен под контрола, информираат од јавното комунално претпријатие.
Огнот се појавил утрово околу 3 часот на западната страна на депонијата на површина од околу половина хектар. Огнот зафатил дел од комуналниот отпадот што се депонира на оваа локација. Дежурните работници од комуналата хигиена го пријавиле и повикани пожарникари. Од утрово низ градот се почувствува непријатна миризба, а граѓаните реагираа по социјалните мрежи.
Од ЈП Комуналец нагласуваат дека нивни екипи со градежни машини работат на затрупување со земја на опожарениот дел и со помош на противпожарната единица сé уште работат на терен. Според најавите огнот е ставен под контрола и се очекува во текот на денот целосно да биде изгаснат.
Голем пожар кој зафати депонијата беше регистриран во август годинава. Огнот беше изаснат под три дена, а гостиварци се жалеа на непријатниот мирис и чадот и бараа поенергична реакција на локалните власти. Градоначалникот Арбен Таравари тогаш побара помош од државните институции, бидејќи како што тогаш кажа, депонијата Русино е во надлежност на Владата.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот