-->
-->
Локален совет за превенција во Старо Нагоричане
-->
Локален Совет за превенција се одржа во општина Старо Нагоричане на која присутните разговаа за безбедноста и можните безбедносните закани што би го опфатиле подрачјето на оваа рурална општина, за начините за справување со пожари на отворен простор, но и поплави и за расположливоста на капацитетите, човечки потенцијал.
На советот беше заклученот дека е потребно да се исчисти речно корито, со цел да се избегне излевање и поплава на обработливо земјоделско земјиште и имот покрај речното корито. Што се однесува до пожари на отворен простор, членовите на локалниот совет за превенција се договорија, заеднички и координирано да дејствуваат превентивно се цел да се спречат пожари на отворен простор и да се избегне материјална штета.
Присутните на советот истакнаа дека во оваа општина имаат проблеми со таканаречени „диви“ таксисти кои се нелојална конкуренција на компаниите. Често на подрачјето на општината се случуваат и прекршоци на јавниот ред и мир (прегласна музика) од страна на млади лица и тинејџери кои организираат забави во викендиците.
На локалниот совет за превенција присуствуваа претставниците од повеќе институции како што се СВР Куманово, противпожарните единици на општините Куманово и Старо Нагоричане, Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија пат, од Советот на општина Старо Нагоричане и градоначалничката на општината, Жаклина Јовановска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток