Спорт плус
27. July 2021 - 10:10

ЛОИ 2020: Георгиевски се пласира во финалето и обезбеди најмалку сребрен медал

Голем успех за Македонија на ЛОИ игри во Токио. Репрезентативецот во Таеквондо, Дејан Георгиевски се пласира во историско финале и ќе се бори за златниот медал со Русинот Владислав Ларин во категоријата над 80 кг.

Нашиот натпреварувач во полуфиналето го совлада Јужнокореецот Кјо Дон Ин со 12-6.
Ларин, кој во полуфиналето беше преубедлив против Кинезот Сун со 30-3.
 
Македонецот денеска го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. Тој претходно утринава, на стартот од турнирот, направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8.