Македонија
3. November 2023 - 16:40

Лога: Пендаровски да свика Совет за безбедност поради состојбите во затворите

Лога не се откажува од својот проект за празнење на затворите преку амнестија. Откако вчера ни коалициската СДСМ не му гласаше за законот, тој со писмо од шефот на државата Пендаровски бара да се свика Советот за безбедност. Според Лога, безбедноста во државата ја загрозуваат над 2.800 осуденици кои не се во затвор поради тоа што за нив нема место.

Министерот вели дека овие лица „преставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат“.

Слични писма Лога ќе испрати и до министерот за внатрешни работи и директорите на Агнециите за разузнавање и за национална безбедност.

Лога, синоќа, заедно со останатите двајца министри о дредовите на Алијанса, рече дека токму тие ја прават разликата во дејствувањето на Владата на Ковачевски, па нема потреба да ја напуштат коалицијата.

Но, токму на министерот Лога, на чиј ресор – правда, најмногу инисистираше Тарвари во договорот со Ковачевски не му оди лесно со проектите. Тој, не успеа во воведување на етничката припадност во Изводите, му пројде без согласност Кривичниот законик, не успеа да го распушти Судскиот совет по скандалозните седници и оставки, а вчера не му се изгласа ни амнестијата.

Алијанса ја одби и поканата на Меџити, Гаши и Касами за обединување на алабанските гласови против ДУИ на претстојните избори. За албанската опозиција ова е нерационално однесување на партијата на Таравари.

Политичките аналитичари велат дека иако Алијанса останува во Владата, вчерашниот неуспех со законот за амнестија ќе направи поместувања во владината коалиција.  Тие анализираат дека Тараври ја одбива понудата од опозциската тројка бидејќи Алтернатива и Беса често менувале страни.

Селими вели дека тешко е да се предвиди дали ќе има промена во сили кај албанскиот блок, но вели дека е многу важно партиите да остават граѓаните да гласаат по сопствена волја.