Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА) од крилото на Зијадин Села, во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.
-Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како в.дф, наведува Лога во реакцијата објавена на Фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.
Сиљановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија, туку користеше Македонија
Ново на Сител
-
Трипуновски: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа
-
Црна Гора го одбележува Денот на државноста
-
Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан