Македонија
31. August 2016 - 16:24

Љутфиу: Нема одлука за затворање на „Јахија Кемал“

Утре со редовна настава почнува и колеџот  Јахја Кемал, за кој во медиумите имаше информации дека е во процес на затворање.

Министерството за образование Пиштар Љутфиу за Тв Алсат потврдил дека  нема одлука за затворање на колеџот и дека  нема пречки утре да почне со редовна настава.

А, затоварање не очекува ниту раководството на училиштето.

Портпаролот Сурија Таук, вели дека била одржана неофицијална средба меѓу раководството на училиштето и МОН, на која биле охрабрени да продолжат со работата.

Сепак, доколку биде донесена одлука за затворање, колеџот е подготвен на судска разрешница, велат од Јахја Ќемал.