Љупчо Палевски приведен во Белград во момент кога сакал да се качи во авион за Москва
Бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо вчера е приведен од полицијата во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва.
Палевски е приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска и во моментов е во екстрадиционен притвор.
Информацијата за „360 степени“ ја потврди неговиот адвокат Васко Стојков, кој вели дека во моментот на приведувањето Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде според него, требало да склучи бизнис зделка.
Стојков изјавил дека Палевски своевремено живеел и работел во Хрватска и оти хрватските власти го бараат Палевски за долг на негова фирма од 2,5 илјади евра. Според адвокатот Палевски, никогаш не примил покана на адресата во Македонија за да се појави пред хрватските правосудни органи.
-Уште почудно е што според информациите со кои располагам, потерницата датира од 2015 година. Палевски во изминатите години непречено патуваше во многу држави, вели Стојков.
Палевски има кривична пријава затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“.
Ново на Сител
-
Зверев противник на Алкараз во финалето на Ролан Гарос
-
Полагање на вториот екстерен испит од државната матура
-
Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените на Законот за државна управа
-
Почнува битката за поделба на ресорите во новата Европска комисијата
-
Макрон ќе го прими Бајден како државен гостин во Париз
-
Данската премиерка нападната среде Копенхаген, напаѓачот уапсен
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево и топло, температура до 36 степени