-->
-->
Љупчо Николовски негативен на Ковид-19
-->
Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски е негативен на Ковид-19. Преку својот фесјбук профил вицепремиерот Николовски, ја информираше јавноста дека денеска се тестирал и тестот е негативен.
– За време на сите мои активности, максимално и одговорно ги почитувам мерките за заштита на здравјето. Но, поради природата на мојата работа се тестирав за Ковид 19 и тестот е негативен. Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас. Да ги почитуваме мерките и да дадеме придонес во борбата против коронавирусот, пишува Николовски на својот фејсбук профил.
Тој воедно апелираше да граѓаните ги носат маските, да ја држат потребната дистанца и да вршат дезинфекција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево