„Љубов и револуција“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк
Во Градскиот парк вечер од 21 часот ќе биде изведен концертот „Љубов и револуција“ – втор од проектот „Филхармонија на отворено“ по првиот концерт „Ну погоди“ што беше одржан во неделата. Овојпат премиерно ќе бидат изведени хитови од поп-рок и панк музиката.
Под диригентската палка на Џијан Емин и во негови аранжмани ќе бидат изведени песни на култните „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк Флојд“, „Рамштајн“… Заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе настапи и хорот „ПроАрс“ со диригентот Сашо Татарчевски.
- И овој концерт, како и првиот, претставува уникатна идеја во смисла на тоа ваков тип на композиции да бидат изведени од симфониски оркестар и хор, што е ретка практика и во светот, соопшти Филхармонијата, додавајќи дека првиот концерт „Ну погоди“, со музика од познати цртани филмови од Источниот блок во 1970-тите и 1980-тите, бил фантастичен настан што го посетиле илјадници вљубеници во музиката од најразлични генерации.
Двата концерта Филхармонијата ги организира во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје.
Ново на Сител
-
ГЕРБ победи, но е далеку до 121 пратеник за формирање влада во Бугарија
-
Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран
-
27 годишник од Гана силувал 32 годишна скопјанка во Кисела Вода
-
Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138
-
Во Батинци загина пешак откако бил удрен со возило
-
Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег
-
Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: По направена грешка, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно
-
Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу мигрантите да има борци од Хамас