Лиз Трас денеска ја презема функцијата премиер на Велика Британија
Лиз Трас денеска ќе го замени Борис Џонсон на функцијата премиер на Велика Британија, откако Кралицата Елизабета побара од неа да формира нова влада за да се справи со енергетската и економската криза. Трас го победи партискиот ривал Риши Сунак во гласањето за лидерство на Конзервативната партија, ветувајќи дека ќе ги намали даноците и ќе им помогне на луѓето околу сметките за енергија во мигови кога Велика Британија се соочува со растечка енергетска криза.
„Ви благодарам што ми верувавте да ја водам нашата голема земја. Ќе преземам храбри чекори за сите нас да ги поминеме овие тешки времиња, да ја зајакнеме нашата економија и да го отклучам потенцијалот на Обединетото Кралство“, рече таа. Трас ќе го наследи Борис Џонсон кој во јули беше принуден да објави оставка на функцијата по серијата скандали што му ја намалија поддршката, а министри од неговиот кабинет поднесоа оставки за да го принудат да се повлече.
Џонсон ќе има свое обраќање пред „Даунинг стрит“, а потоа ќе замине за Шкотска за да се сретне со Кралицата Елизабета во нејзината резиденција во замокот Балморал, каде официјално ќе ја поднесе оставката. По Џонсон, Трас ќе се сретне со кралицата за да добие мандат за формирање влада. Новата премиерка ќе им се обрати на граѓаните, а потоа ќе почне да ги именува министрите во нејзиниот кабинет.
Трус ќе стане четвртиот конзервативен премиер во последните седум години, во време кога Велика Британија влегува од една криза во друга. Моментално земјата се соочува со можност за долга рецесија и натамошен раст на инфлацијата што во јули достигна двоцифрено ниво.
Церемонијата за смена на премиерот и назначување нов што вообичаено се одржува во Бакингемската палата, овојпат ќе се одржи во Балморал каде летува кралицата, која поради проблеми со движењето била спречена да отпатува за Лондон.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Поставивме 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“
-
Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион
-
Царината заплени облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока
-
Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
ЕУ одвои уште над милијарда евра за справување со последиците од ланските поплави низ Европа
-
Познати најуспешните македонски компании за 2023 година во првите 10 категории на „Бизнис лидер“
-
Македонски државјанин фатен на граница откако предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово