Ракомет
25. September 2017 - 23:12

Ливриниќ: Знаеме дека сме во тешка група

Женската ракометна репрезентација на Македонија по трите контроли на турнирот во Турција, подготовките ги продолжи во СРЦ Кале.

-    Турнирот во Турција беше добредојден, иако не бевме во полн состав. Ни беше потребно време за адаптација. Нас ни недоставуваат натпревари, особено сега кога сме „интернационалки“. Добро знаеме дека сме во тешка група. Со Шведска игравме и пред три месеци, не игравме најдобро, но сега ќе играме подобро и нема да разочараме. Мислам дека со полна сала на домашен терен и со добра игра како што знаеме да одиграме можеме да стигнеме и да освоиме некој бод, истакна Елена Ливриниќ.