Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, синоќа изјави дека Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста околу одржувањето втора рунда разговори.
„Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор потпишан од Барак Обама“, изјави Ливит, алудирајќи на нуклеарниот договор од 2015 година што подоцна беше поништен од претседателот Доналд Трамп.
Ливит рече дека САД се блиску до договор, но додаде дека Трамп има повеќе опции доколку не се постигне договор и оти нема да се двоуми да ги искористи. Таа посочи дека претседателот и претходно покажал дека ги спроведува своите најави.
Според Трамп, примирјето договорено меѓу САД и Иран треба да истече во среда. Доколку не се постигне договор, тој најави дека ќе нареди напади врз енергетскиот сектор и цивилната инфраструктура.
Се уште не е познато дали ќе се одржи втора рунда преговори пред истекот на примирјето.
МИА
Ново на Сител
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
-

Во Србија во крајот на јуни најавени големи митинзи на владејачката СНС
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
