-->
-->
Ливерпул го заврши настапот во ФА купот
-->

Најголемото изненадување во 1/16 финалето на ФА купот го направи Вулверхемптон со елиминацијата на премиерлигашот Ливерпул. Вулверхемптон победи на гостински терен со 2:1, а имаше водство од 2:0. Гостите поведоа веќе во 1.минута со голот на Ричард Стерман, а на 2:0 зголеми Андреас Вајман во 41.минута. Резултатот го намали Дивок Ориги во 86.минута.
Резултати на денешните 10 натпревари:
Ливерпул – Вулверхемптон 1:2,
Челзи – Брентфорд 4:0,
Оксфорд – Њукасл 3:0,
Линколн – Брајтон 3:1,
Кристал Палас – Манчестер Сити 0:3,
Барнли – Бристол Сити 2:0,
Блекбурн – Блекпул 2:0,
Тотенхем – Викомб 4:3, Р
очдејл – Хадерсфилд 0:4,
Мидлсброу – Акрингтон 1:0.
Саутемптон – Арсенал натпреварот е во тек.
Вчера Дерби Каунти – Лестер одиграа нерешено 2:2.
Утре се играа четири дуели: Милвол – Вотфорд, Фулам – Хал, Сатон – Лидс и Манчестер Јунајтед – Виган.
Трофејот во ФА купот го брани Манчестер Јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
-

На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека
-

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД
-

Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите
-

Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин
-

Денеска е Св. Климент Охридски - Чудотворец
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
