Листа на партиски послушници со криминална позадина кои Спасовски ги инсталирал во Алфа
Партиски послушници со дебело полициско досие. Вакви се кадрите кои техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги инсталирал во полициската единица Алфа.
Како што дознава Press24 станува збор неколку лица кои имаат кривично досие, меѓу кои и такви кои извршиле сериозни кривични дела.
1. Игор П. – виш инспектор во единицата Алфа – кривична пријава за киднапирање и поседување оружје
2. Слободан Ѓ. викан Лути – виш инспектор во единицата Алфа – кривична пријава за семејно насилство
3. Горан А. викан Турче – единица Алфа - кривична пријава за престрелка за која е условно осуден. Се јавуваат и други пријави во крим евиденцијата
4. Никола В.- единица алфа - Кривична пријава за тепачка со смртни последици. Осуден на ефективна затворска казна, а потоа помилуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски
5. Далибор Т. – претходно избркан од единицата Алфа под соменине за кражба на запленети патики, сега самостоен инспектор.
6. Горан С. викан Кисел – самостоен инспектор – има забрана за безбедносен сертификат и не смее да има увид во класифицирани информации во кои спаѓа и наредба за вршење служба.
7. Алмир Т. – виш инспектор, избркан од единицата Алфа поради решенија од дисциплинската комисија за прераспределување
8. Злате С. – дел од единицата Алфа – кривична пријава за изнуда и грабнување, осуден на условна затворска казна
9. Горан А. – лидер на Алфа тим – кривична пријава за изнуда и грабнување
Единицата Алфа, каде што се инсталирани овие кадри на Спасовски, е задолжена за прв одговор најчесто во уличен криминал. Останува нејасно, колку се безбедни граѓани, ако по улиците, со полициски значки се шетаат лица кои имале проблеми со законот и вршеле кривични дела од областа на насилниот криминал.
Ново на Сител
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола