Листа на „најсреќни“ броеви на лото

Општо прифатено е мислењето дека поголема веројатност е да ве погоди метеор, отколу да добиете на лото.
Сепак, врз основа на резултатите од новата студија има повеќе шанси да се освои премија на лото.
Имено, некои броеви се многу „посреќни“ од другите, односно, врз основа на истражувањата, многу почесто биле извлечени од другите.
Платформата за онлајн обложување „Џекпот“ изврши анализа на добитните ливче на лотарии во целиот свет во изминатата година, со која се опфатени повеќе од илјада извлекувања, вклучувајќи ги и ЕвроМилионс, британското Лото, ирско Лото и американскиот Пауербол.
Утврдено е дека „најсреќен“ број е 16, кој е извлечен дури по 191 пати, потоа бројот 22 со 179 пати. Третиот „најсреќен“ број е 28, потоа 37, па 6 и па 3.
Најретко извлечени броеви се 36, 32, 41, 40 и 46, а бројот 18 ја понесе титулата „најнесреќен“, бидејќи е извлечен само четири пати.
Поголемиот број лотарии во светот нудат избор на броеви од 1 до 50. Исклучок е Германија која нулата ја додаде како бонус број, додека Италијанците можат да избираат меѓу 90 понудени броеви.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
