Лишени од слобода две лица за незаконска сеча
МВР соопшти дека вчера, во 07 часот, во штипското село Селце, полициски службеници ги лишиле од слобода И.А.(43) и Е.А.(19), двајцата од Селце. Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава.
И.А. и Е.А. биле затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев во шумски предел кој до неодамна беше зафатен со пожар на планината Серта и покрај активната забрана за движење во шума. Од нив биле одземени трактор со приколка, две моторни пили и исечените дрва. Подоцна, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, била добиена наредба и бил извршен претрес во нивниот дом во с.Селце, при што биле пронајдени и одземени испратници и одобренија за сеча на дрвна маса, издадени од ЈП „Национални шуми“, фотокопии од лични карти за кои се поднесувале барања за добивање на одобренија за сеча, воздушна пушка, две канти со бензин, импровизирана направа за центрирање на оптика за огнено оружје и други предмети поврзани со делото.
Исто така, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и СВР Штип бил извршен увид и била одземена документација во ЈП „Национални шуми“ - Штип.
По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Штип против двете лица ќе поднесе кривична пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните активности за откривање и санкционирање на други кривични дела во врска со незаконска сеча на дрва, како и за откривање и санкционирање на лица кои предизвикуваат пожари во шумски предели.
Ново на Сител
-
Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности
-
Волстрит Журнал: Доналд Трамп води со 47 наспроти 45 отсто пред Камала Харис
-
Флик: Ниту еден од моите тимови немаше играч како Рафиња
-
Харис за Си-Ен-ЕН: Трамп го сметам за фашист
-
Ристовски со две асистенции придонесе за триумфот на Динамо над Салцбург
-
Инзаги: Во Лигата на шампионите сите натпревари се тешки
-
Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски
-
Нетанјаху: Откриено дека Хезболах подготвувал инвазија врз Израел