-->
-->
Лишена од слобода 25-годишна Струмичанка барана со потерница
-->
Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје денеска во 11.20 часот на улица „Скупи“ во скопската населба Злокуќани ја лишиле од слобода Н.С. (25) од Струмица, со место на живеење во скопско Трубарево.
Како што информираа од МВР, за неа била распишана централна потерница по наредба од Основниот суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете“ по член 200 од Кривичниот законик.
Таа ќе биде предадена на надлежна казнено поправна установа за издржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари