-->
-->
Лишен од слобода угостител од Тетово кој не ги почитувал мерките за спречување на Ковид- 19
-->
На 15.01.2021 околу 21.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 55-годишниот тетовец С.И., чиј угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар" во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале 10 гости.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, согласно член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија". Угостителскиот објект е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прекината работата на Собранието по двочасовна расправа преку процедурални забелешки
-
Приведен Драги Рашковски
-
101 пратеник сте потпишани а 59 на седница, сите ќе земете патни трошоци, влезете во салата и работете, кажа Џафери на пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Протест во сабота пред МЗ, оставка на Филипче за спас од неспособноста која убива
-
До крајот на април се очекуваат вакцини од Кина и „Фајзер“
-
Австрија бара Бугарија да ја тргне блокадата кон Македонија
-
ЦУК ќе го презентира извештајот за спасувањето на настраданиот овчар од Емирица
-
Бајден: Му предложив на Путин ова лето да одржиме состанок во Европа