Македонија
24. November 2024 - 12:29

Лишен од слобода крадец во тетовско

Полициски службеници од ПО Камењане вчера го лишиле од слобода Н.М.(31) од тетовското село Пирок, поради кражба во угостителски објект.

МВР информира дека вчера, во 11 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Н.М.(31) поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“, односно одземени пари од угостителски објект во с. Пирок, сопственост на Ш.Џ.(49) жител на тоа село. Случајот бил пријавен истиот ден околу 10.20 часот.

Н.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.