Линкевичиус: Литванија меѓу првите ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО
Литванија ќе биде меѓу првите земји што ќе го потпише Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО со што ќе се овозможи и заокружување на Спогодбата од Вилнус од 2000 година како Декларација за меѓусебна поддршка и солидарност во евроатлантските интеграции, бидејќи Македонија е последната држава од таа грпа која сега влегува во Алијансата, изјави шефот на литванската дипломатија Линас Линкевичиус на денешната заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега Никола Димитров.
– Тука сум да изразам поддршка на нашите пријатели и нашите идни сојузници. Работата се уште не е завршена, тоа им е јасно на сите и ние нема да стоиме настрана, туку активно ќе помагаме во тоа, рече Линкевичиус.
Тој нагласи дека пред Македонија има уште работа во делот на реформите, во областите на судството, борбата против корупцијата, јавната администрација, за што земјата, како што истакна, ја има поддршката на Литванија.
Министерот Димитров нагласи дека посетата на Линкевичиус симболично доаѓа по ратификацијата на Преспанскиот договор, потсетувајќи дека токму тој бил потписникот на Декларацијата од Вилнус и оти Македонија е последната држава од таа група која остана надвор.
– Радосен сум што добив уверување дека Литванија стои со нас и во однос на овие последни чекори кон НАТО-членството и во однос на почетокот на европскиот пат, односно почеток на пристапните преговори, рече Димитров.
Двајцата министри на средбата размениле мислења и за унапредувањето на економската соработка која е речиси непостоечка во овој момент.
Димитров и Линкевичиус потпишаа и Спогодба за соработка во областа на меѓународниот транспорт.
Шефот на литванската дипломатија денеска ќе има средби и во Владата и во Собранието.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението