Македонија
21. October 2016 - 10:19

Лингвистичка студија „Негацијата во каузалните реченици“ од Бојан Петревски

„Македонска реч“ од Скопје ја објави  лингвистичката студија „Негацијата во каузалните реченици“ од Бојан Петревски.

- Авторот синтетизира критериуми со оглед на долгата (филозофска, логичка и, пред сѐ, лингвистичка) историја на проучувањата на негацијата (од Аристотел, преку Ото Јесперсен, до Лоренс Хорн) и ги применува на македонскиот јазик. Резултатите покажуваат специфичности на секој вид во класата каузални реченици, информира издавачот. 

Бојан Петревски е докторанд на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и автор на повеќе лингвистички трудови.

Во периодот од 2013 до 2015 година бил ангажиран како лектор-предавач по македонски јазик на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (Иналко) во Париз.