Свет
31. July 2024 - 19:38

Голем пожар во Рим, евакуирана зградата на РАИ

Голем пожар избувна во областа Монте Марио во Рим, поради што е евакуирана зградата на РАИ, астрономската опсерваторија и уште четири објекти.

Улиците во областа се затворени, а густ црн чад е видлив над градот, јавија италијанските медиуми.

Пожарот е закана и за неколку згради во близина.