-->
-->
Лилард не го заврши натпреварот против Мајами поради повреда | ВИДЕО |
-->
Предводникот на Портланд, Демијан Лилард, ноќеска не можеше да го заврши натпреварот против Мајами (98:119) поради повреда.
Лилард го истегна десниот мускул на потколеницата пет минути пред крајот на третата четвртина и веднаш отиде во соблекувалната.
Блејзерси допрва треба да соопштат детали за повредата или евентуален датум за враќање.
Лилард постигна 30 или повеќе поени во три од првите четири натпревари на Портланд на почетокот на шампионатот. На мечот со Мајами до повредата имаше 22 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април