Свет
13. January 2016 - 11:27

Ликвидирани двајца напаѓачи по нападот врз пакистанскиот Конзулат во Авганистан

Ликвидирани се двајца вооружени напаѓачи кои беа забарикадирани во зграда по самоубиствен напад врз пакистанскиот Конзулат во Џелалабад во источен Авганистан, изјави заменик-министерот за внатрешни работи генерал Ајуб Саланги.

Двајцата биле убиени во престрелката со авганистанските сили за безбедност кои ја опколиле празната владина резиденција каде се криеле напаѓачите откако бомбаш-самоубиец се разнесе пред Конзулатот.

Во нападот загинаа две лица, а двајца се повредени.