Лијам Фокс: Периодот на транзиција за Брегзит треба да трае до следните избори
Британскиот министер за надворешна трговија, Лијам Фокс, изјави дека времето за транзиција, поради Брегзит, треба да се ограничи и да трае до следните парламентарни избори, во 2022 година.
Изјавата на Фокс доаѓа по најавите во медиумите дека министрите во владата „во основа се согласуваат, транзицијата да трае меѓу две и четири години“.
Транзицијата е нов момент во процесот на Брегзит, откако стана јасно дека владата е длабоко поделена во врска со стратегијата околу британското напуштање на ЕУ и дека министрите почнаа „отворена војна“ за тоа дали да се спроведе „тврд“ или „мек“ Брегзит.
Според Фокс, но неколкумина други министри, сега сите се согласуваат дека транзицијата е неопходна, како преоден период за прилагодување на британскиот бизнис, откако земјата , формално, ќе излезе од Унијата, на крајот на март 2019 година.
Овој министер, со претензии да ја наследи Тереза Меј на лидерската и премиерската функција, е припадник на ториевската десница, евроскептик и силен поборник за напуштање на ЕУ.
Фокс претходно инсистираше на брз „развод“ од Унијата, отфрлајќи ја можноста за останување на земјата на единствениот пазар на ЕУ и во царинската унија. Тој тврдеше дека „брзо и без потешкотии“ земјата ќе склучи договори за слободна трговија и дека „десетина земји“ веќе сега се подготвени за почеток на преговарите.
Велика Британија не може да отвори таков процес додека е формално дел од ЕУ, а тоа значи во наредните две години, па министерот Фокс сега ја брани потребата од транзиција, стравувајќи дека неизвесноста може да ги исплаши инвеститорите и да предизвика пад на вработеноста.
Тој смета дека транзицијата, сепак, треба временски да се ограничи за конзервативните гласачи, кои гласале и за Брегзит, да не помислат дека транзицијата претставува изговор за одлагање на напуштањето на ЕУ.
Ново на Сител
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар