-->
-->
Лига1: Кавани „донесе“ победа за ПСЖ
-->
Екипата на ПСЖ оствари победа на синоќа одиграниот дуел од 11.коло од француската Лига 1. На домашен терен фудбалерите на ПСЖ ја совладаа Ница со 3:0, а двоен стрелец беше репрезентативецот на Уругвај Единсон Кавани. Ова за Ница беше четврти пораз во серија.
Кавани головите ги постигна во 3.та и 31.та минута, додека третиот гол беше автогол на Данте. Кавани третпат сезонава постигнува два гола на првенствен дуел за ПСЖ, а има вкупно 11 голови и е втор на листата на стрелци во лигата зад Фалкао со 13. Во претходното коло Кавани со гол во последната минута го спаси ПСЖ од пораз во Марсеј.
Денеска и утре се играат другите девет дуели од оваа рунда: Бордо - Монако, Каен - Троа, Дижон - Нант, Генгамп - Амиен, Монпеље - Рен, Стразбур - Анже, Олимпик Лион - Мец, Тулуз - Сент Етиен и Лил - Олимпик Марсеј.
ПСЖ е првопласиран на табелата со 29 бодови, пред Монако со 22 и Нант со 20.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска