Фудбал
26. August 2017 - 10:11

Лига 1: ПСЖ почна со 4/4

Фудбалерите на ПСЖ ја постигнаа и четвртата победа во француската Лига 1 откако синоќа на домашен терен го победија Сент Етиен со 3:0. ПСЖ поведе во 20.минута со голот на Единсон Кавани од пенал.
 
 
На 2:0 во 51.минута зголеми Тиаго Мота, а конечните 3:0 ги постави Кавани со својот втор гол на дуелот во 89.минута.
 
Од 4.коло од Лига 1 денеска се играат шест натпревари: Нант - Олимпик Лион, Амиен - Ница, Бордо - Троа, Каен - Мец, Дижон - Монпеље и Тулуз - Рен.
 
Во недела се играат натпреварите: Генгамп - Стразбур, Анже - Лил и Монако - Олимпик Марсеј.
 
ПСЖ е прв на табелата со максимални 12 бода, поред Монако и Сент Етиен кои имаат по 9.