Фудбал
30. November 2016 - 9:01

Лига 1: Монако ремизираше кај Дижон

Екипата на Монако се проби на првото место на табелата во Француската фудбалска лига откако синоќа освои бод на гостувањето кај Дижон – 1:1 .
 
Монако поведе со голот Гаудио Кариљо во 17 минута, а Дижон изедначи во 87.минута со голот на Фредерик Самаритано.
 
На другите два натпревара од 15.коло од Лига 1 одиграни синоќа беа постигнати следниве резултати: 
Лил – Каен 4:2 и 
Лориен – Рен 2:1.
 
Седум натпревари се играат вечерва, а двојките се: 
Бастија – Бордо, 
Генгамп – Ница, 
Нанси – Мец, 
Нант – Олимпик Лион, 
Сент Етиен – Олимпик Марсеј, 
Тулуз – Монпеље и 
ПСЖ – Анже.
 
Табела: Монако 33 бодови, Ница 33, ПСЖ 32, Рен 24, Генгамп 23, Бордо 23, Олимпик Лион 22, Сент Етиен 21,...