Лидингтон: Претседателот Иванов да ја смени одлуката за помилување
Британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон го повика претседателот Ѓорге Иванов да ја промени одлуката за аболиција и амнестија.
- Одлуката на претседателот од 12 април, да ги помилува лицата за кои во моментов се водат истраги за злоупотреби е исклучително загрижувачка. Оваа одлука ги заштитува официјалните лица и поранешни министри обвинети за корупција и оневозможува правдата да стигне до граѓаните на Македонија, се наведува во писмената изјава на Лидинготн, што до медиумите ја испрати Британската амбасада во Македонија.
Според британскиот министер за Европа, наводите во прислушуваните материјали од минатата година отворија многу прашања за владеењето на правото и веродостојноста на изборите.
- Овие наводи мора целосно да се истражат низ соодветен правен процес, за Македонија да изнајде одржливо решение за актуелната политичка криза. Го повикувам претседателот на Македонија да најде начин за промена на одлуката, посочува Лидинготн.
Македонија, потсетува тој, треба да има избори на 5 јуни. - Сериозно сме загрижени за степенот на подготвеност за предвремените избори, недоволно пречистен избирачки список, без напредок во медиумските реформи и пријави за заплашување. Се надеваме дека какви било јавни протести ќе се одвиваат без насилство, вели британскиот министер.
Лидинготн, како што наведува, разговарал со претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 13 април за јасно да ја истакне нивната загриженост и повик за дејствување.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица