Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со евроамбасадорот Гир
Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р. Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски оствари средба со претставникот на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.
На состанокот стана збор за моменталната политичка состојба во Македонија, како и за ветото на Бугарија, со што се создаде пречка на нашиот пат кон ЕУ.
Мицкоски посочи дека е не европски Македонија да се условува за нејзиниот јазик, идентитет и историја, кои се дел од личната карта на еден народ. Македонија има право на своите идентитетски обележја, истакна Мицкоски.
Дополнително имаше заемна согласност дека реформите во земјава мора да се спроведат и дека придвижувањето кон ЕУ е од корист на државата.
Мицкоски алармираше и на се поголемиот хаос во државата создаден од страна на Заев, на кој му е поважен партискиот рејтинг и бизнисот на фирмите блиски нему одошто државата. Лошото справување со здравствената криза се докажува со огромниот број починати и заразени, како и тоа дека здравствениот систем е пред колапс. Добредојдена е поддршката од европските партнери на тој план, посочи Мицкоски.
Мицкоски се заблагодари на господинот Гир за поддршката која ја добива Македонија од Унијата, како и силните заложби за демократизација воедно посочувајќи дека треба да се обрне внимание на борбата со криминалот и корупцијата, кои за жал се на катастрофално ниво поради отсуство на волја од страна на власта. Имено кај власта имаме само декларативна желба за справување со корупцијата, но во принцип истата се става во заштита на криминалот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Николовски, професор по безбедносни науки
-

Општина М.Брод ќе субвенционира 50% од сумата за возачки за средношколците кои ќе се запишат во СОУ „Свети Наум Охридски“
-

Четворица кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Брвеница
-

Премиерот најави дека МВР следи неколку случаи за барање мито во државни институции
-

Новата когенеративна централа треба да го поевтини парното греење
-

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на земјава
-

Досега евидентирани 138 шумски пожари, штетите милионски
-

Жените земјоделки докажаа дека се столбот на оваа гранка во Македонија - по 5 пат во Прилеп - „Млеко 2026“
