Лидер на партијата на пиратите уапсен за рецитирање стихови против Ердоган

Лидерот на берлинската канцеларија на Партијата на пиратите Бруно Крам денеска е уапсен за време на протест на кој рецитирал поема во која што „навредил претставник на странска земја“, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во моментот на апсење Крам всушност правел „литературна анализа“ на поемата за која сатиричарот Јан Бехерман се соочува со казна затвор поради навреди за турскиот претседател Ердоган.
Протестот на партијата на пиратите се случил пред турската амабсада во Берлин кој се одржал под мотото „Не моќ за Ердоган, слобода наместо Еердоган“. Додека Крам цитирал делови од поемата на Бехерман во врска со „Клоцање Курди и тепање Христијани“ нему му пришле неколку полицајци по што тој бил уапсен а протестот бил растурен.
Според активисти на неговата партија засега никој не може да го посети Крам кој што е обвинет за нарушување на контроверзниот член 103 од кривичниот закон според кој е забрането да се навредуваат странски претставници.
Вчера пред заминувањето во Турција на отворање на нов бегалски камп канцеларката Меркел изјави дека е грешка што јавно го искажала своето лично мислење за поемата на Бехерман. Меркел која пред десетина дена изјави дека Бехерман намерно го навредил турскиот претседател вчера порача дека слободата на печатот и на изразување се многу важни за германското општество но не ја повлече одлуката на владата со која кривично се гони германскиот сатиричар.
На последнните федерални избори во 2013 година Партијата на пиратите освои помалку од еден милион гласови или околу 2,2 отсто што не е доволно за влез во Бундестагот. Партијата има 44 пратеници во покраинските парламенти.
Ново на Сител
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
-

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД
-

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-

Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје
-

Безживотно тело доцна синоќа извлечено од реката Вардар
-

Апелација ја одби жалбата на Стојанче Јовановски - осуден дека ја навел сопругата да се самоубие
-

При претрес на стан пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин и поголема количина ЛСД
-

Франција: Портокалов метеоаларм поради горештини издаден за два департмани
